Достапни линкови

ИД воспоставија контрола врз сирискиот град Махин


Припадниците на организацијата Исламска држава денеска воспоставија контрола врз сирискиот град Махин, кој се наоѓа во југозападниот дел на провинцијата Хомс, откако ги нападнале владините сили во регионот, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. Во нападот биле ранети и убиени најмалку 50 војници, кои се борат на страната на силите на претседателот Башар ал Асад. Со заземањето на Махин, ИД стигна на 20 километри од магистралата, која го поврзува Дамаск со Хомс и со градовите на север. Судири имало и во околината на Садад, мал град, населен претежно со христијани.

XS
SM
MD
LG