Достапни линкови

logo-print

Терористички напад во сомалискиот град Могадишу


Исламски милитанти утрово нападнаа хотел во сомалиската престолнина Могадишу, при што загинаа најмалку 15 лицаа ранети се десетина, јавува новинската агенција Ројтерс. Терористичкиот напад започнал со детонација на автомобил бомба пред хотелот „Сафари“ по што вооружени мажи насилно влегле во хотелот и пукале кон гостите на хотелот, по што следувало и втора експлозија во близина на хотелот. Сомалиската полиција соопшти дека терористите зеле заложници. Одговорноста за нападот ја презеде групата “Аш Шабаб”. Која се смета за радикална исламистичка група која е позната дека редовно врши напади врз властите. Хотелот „Сафари “ честопати е мета на терористички напади затоа што е посетуван од владини претставници и бизнисмени.

Во 2009 година од него беа киднапирани двајца француски советници за безбедност.

XS
SM
MD
LG