Достапни линкови

Избори во Азербејџан без опозиција


Во Азербејџан денеска се одржуваат парламентарни избори, но без опозицијата. Се очекува овие избори уште повеќе да ја зајакнат позицијата на претседател Илхам Алиев. Околу 5,9 милиони гласачи се повикани да излезат на гласање и да ги изберат 125-те членови на Парламентот со мандат од пет години. Главните опозициски партии, меѓу кои и Националниот совет на демократските сили, партијата „Мусават“ и Демократската партија на Азербејџан одбија да учествуваат на изборите.

XS
SM
MD
LG