Достапни линкови

logo-print

Сочувство од Иванов до Путин


Претседателот Ѓорге Иванов упати сочувство до рускиот претседателВладимир Путин по повод авионската несреќа на рускиот авион Ербас А-321, соопшти кабинетот на Претседателот.

„Со шок и неверување ја примив веста за ужасната авионска несреќа и искрено жалам за загубените животи од оваа голема трагедија.Дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Во овие тешки мигови, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот народ на Русија“, вели македонскиот претседател.

XS
SM
MD
LG