Достапни линкови

Русија:Патничкиот авион не е соборен


Русија жали за 224-те жртви во авионската несреќа која се случи вчера на Синајскиот полуостров. Во меѓувреме руски истражители пристигнаа во Египет, нивниот план е да им помогнат на египетските власти да ја утврдат причината за уривањето на авионот. Со нив е и рускиот министер за транспорт Максим Соколов.Тој вчера го негираше тврдењето дека милитантна група поврзана со организацијата Исламска државата го урнала авионот, посочувајќи дека нема докази дека авионот бил соборен. Рускиот патнички авион летал од Шарм ем Шеик во Санкт Петерсбург но се урнал во напуштена област во близина на крајбрежниот град Ариш. До сега се пронајдени тела на 163 загинати патници и спасувачите и денеска тргаат по останатите.

XS
SM
MD
LG