Достапни линкови

logo-print

Втори парламентарни избори во Турција за една година


Турција ќе гласа на втор по ред за една година парламентарни избори во услови на политичка нестабилност и зголемени безбедносни закани. Минатите избори кои се одржаа во јуни годинава донесоа поделен Парламент во кој не можеше да се формира мнозинство за стабилна влада, што доведе и до негово експресно распуштање и распишување на нови избори.

Во изминатава деценија партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган АКП доминираше на партиската сцена на Турција, што му овозможи на Ердоган да ја зацврсти својата политичка моќ. На врвот на својата популарност во 2013 година, Ердоган уживаше поддршка на околу 62 проценти од населението, но сега, според најновите истражувања, повеќе од половина од Турците имаат негативно мислење за него, а само 39 проценти се уште го поддржуваат.

Во пресрет на овие избори последниве месеци се интензивираше насилството во Турција, откако Курдската работничка партија (ПКК) објави крај на едностраниот прекин на огнот, кој беше прогласен во рамки на мировниот преговори што ги иницираше Ердоган во времето кога беше премиер.

Интензивирањето на судирите резултираше со стотици загинати турски војници, курдски борци и цивили и со серии воздушни напади на турското Воено воздухопловство врз позиции на ПКК во северен Ирак.

XS
SM
MD
LG