Достапни линкови

Речиси 200 илјади мигранти минале низ Македонија за 3 месеци


Мигранти од Сирија, Авганистан и од други земји пристигнуваат на железничката станица во Табановце

Мигранти од Сирија, Авганистан и од други земји пристигнуваат на железничката станица во Табановце

Речиси 200 илјади мигранти минале низ Македонија во изминативе 3 месеци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.Само во последниве 24 часа се издадени над 5 илјади потврди за искажана намера за барање на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 3.060, Авганистан, 1.417, Ирак, 467, додека другите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 31.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање право на азил.

XS
SM
MD
LG