Достапни линкови

Незири: Економијата зависи од политичката криза


Министерот за економија Беким Незири денеска изјави дека состојбата во економијата зависи од епилогот од политичката криза и дека партиите кои учествуваат на преговорите мора да изнајдат решение. Оптимист е дека решение ќе има, а во спротивно, рече, земјата ќе има сериозни економски проблеми, како и сериозни политички проблеми. Тој истакна дека сите фактори што учествуваат во преговорите треба да ги надминат дневно-политичките идеи и дневно-политичките политики на своите партии и да го гледаат интересот на државата како приоритет и да излеземе од кризата.

Незири посочи дека дел од економијата веќе трпи, затоа што политичката криза е директно врзана со инвестициите, со трговската размена со другите држави и ние ќе трпиме штети.

XS
SM
MD
LG