Достапни линкови

Тридневна жалост во Романија


Romania fire

Romania fire

Романската владата прогласи тридневна жалост поради пожарот во ноќниот клуб во Букурешт, при што загинаа 27 луѓе. Несреќата се случи откако изби пожар во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт. Тоа е една од најголемите несреќи во Букурешт во последните неколку децении. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички средства за време на концертот на романската хеви метал група „Goodbuy to gravity“. На концертот присуствувале околу 400 луѓе. Во инцидентот повредени се околу 200 лица, од кои 146 се хоспитализирани поради изгореници, вдишување на чад и други повреди. Според болнички извори, деветмина од повредените се во критична состојба, како и пејачот и басистот на групата.

Романскиот претседател Клаус Јоанис изјави и дека има докази оти ноќниот клуб не се придржувал до безбедносните правила.

XS
SM
MD
LG