Достапни линкови

Пронајдени тела на стотина загинати од авионската несреќа


До сега се пронајдени тела на 100 луѓе на местото каде што падна рускиот авион, јавуваат светските новински агенции. Тие повикувајќи се на извори од спасувачкиот тим кој работи на местото на инцидентот, пренесуваат дека извадиле стотина тела, а останатите се наоѓаат внатре. Според неофицијални информации, авионот при падот се поделил на два дела. Египетските власти, наредија итна истрага за причините за падот на рускиот авион. За сега тие ја исклучуваат можноста за терористички акт.

Сите 224 патници во авионот биле руски државјани, меѓу кои 17 деца, како и 7-член екипаж. Според последните податоци е пронајдена една од црните кутии на авионот.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство до роднините на жртвите во несреќата со рускиот авион во Египет. Путин нареди на неколку министерства да покажат итна помош на роднините на загинатите. Роднините на жртвите почнаа да се собираат на аеродромот во Санкт Петербург.

XS
SM
MD
LG