Достапни линкови

logo-print

Осуден контроверзен исламски свештеник во Норвешка


Норвешкиот суд го осуди на 18 месеци казна затвор контроверзниот курдски исламски свештеник Најмудин Фарај Ахмед откако тој ги повика муслиманите да извршуваат убиства на национална телевизија. Ахмад познат и како Мула Крекар во февруари изјави дека курдскиот човек што живее во Норвешка заслужува да умре затоа што објавил фотографии од палење на Куранот. Крекар во интервју за телевизијата НРК дека ќе испрати подарок за секој кој ќе се обиде да го убие човекот. Судот во пресудата посочил дека постои реална можност некој да го послуша повикот на Крекар и да го направи тоа. Во продолжение е напишано дека таква изјава не може да биде заштитена со слобода на изразување.

Претходно Крекар беше ослободен од затвор непосредно пред интервјуто, затоа што искажал смртни закани против 4 лица, вклучувајќи го сегашниот премиер на Норвешка.

Норвешка и САД го обвинија Крекар за финансирање на распуштена ирачка сунитска бунтовничка организација наречена Ансар ал ИСлам која наводно се споила со припадници на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG