Достапни линкови

Огномет причина за пожарот во ноќниот клуб во Букурешт


Најмалку 27 луѓе загинаа и над 180 се хоспитализирани поради пожарот кој настана од експлозија во ноќен клуб во Букурешт. Романските власти соопштија дека бројот на повредени од пожарот може да се покачи, затоа што во клубот Колектив кој бил домаќин на рок концерт, во периодот кога избил пожарот имало 400 посетители. Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека постојат индиции дека неуспехот да се следат безбедносните правила е можна причина за пожарот. Еден од очевидците изјавил дека внатре во клубот имало огномет по што се запалил столб и таван, по што настанала експлозија и се проширил пожарот.

XS
SM
MD
LG