Достапни линкови

Сурова хималајска зима за преживеаните од земјотресот


Пакистанските власти брзаат да испратат хуманитарна помош вклучувајќи ќебиња, шатори, храна и вакцина против пневмонија за жртвите од земјотресот пред да пристигне зимата. Пакистанската метеоролошка институт најави дека од 1-ви ноември ги очекува големи врнежи на снег во регионот кој беше погоден од земјотрес. Илјадници преживеани од земјотресот вклучувајќи и деца ќе се соочат со сурова хималајска зима под отворено небо. Во земјотресот кој со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот дел на Пакистан пред неколку дена загинаа речиси 400 луѓе.

XS
SM
MD
LG