Достапни линкови

Руски авион со над 200 патници се урна во Египет


Авион со повеќе од 200 патници на руската компанија „Когалимавиа“ се урнал во централниот дел на Синајскиот Полуостров, соопштија египетските воздухопловни власти. Авионот се урнал веднаш по полетувањето од Шарм ел Шеик на летот кон Санкт Петерсбург. Поголемиот број од патниците се руски државјани кои биле на одмор во Шарм ел Шеик. Од градот Ел Ариш на северот на Синај се упатиле возила на Брза помош кон местото на падот. Авионот не воспоставил контакт со воздушна контрола и се претпоставува дека се урнал 23 минути по полетувањето. Причините за падот се непознати. Информацијата ја потврдија и руските воздухопловни власти.

XS
SM
MD
LG