Достапни линкови

Напредок во разговорите за Сирија


Шефот на француската дипломатија Лорент Фабиус

Шефот на француската дипломатија Лорент Фабиус

Шефот на француската дипломатија Лорент Фабиус изјави дека меѓународните министри за надворешни работи повторно ќе се сретнат за две недели на нова рунда разговори за решавање на кризата во Сирија. Тој по денешната средба на дипломати од 17 земји во Виена информираше дека тие дискутирале за сите прашања, дури и најтешките со цел да најдат политичко решение за конфликтот во Сирија. Според него, има точки на несогласување, но бил остварен доволен напредок за да се сретнат повторно во истиот состав.

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека се согласиле да не се согласат со неговиот руски и ирански колега за иднината на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер потврди дека повторно ќе се сретнат, и најверојатно пак во Виена.

XS
SM
MD
LG