Достапни линкови

logo-print

САД ќе испратат специјални сили во Сирија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама планира да распореди мал број на специјални сили во Сирија со цел да им даваат совети на бутовниците. Анонимни американски претставници на власта беа цитирани од медиумите дека Обама потпишал овластување за повеќе од 50 припадници на специјални сили да бидат распоредени во Сирија.

Според нив, со тоа ќе им помогнат на локалните сили да се координираат против милитантите на Исламската држава. Тие информирале и дека САД ќе испратат дополнителни борбени авиони, во турската воздушна база Инџирлик.

XS
SM
MD
LG