Достапни линкови

Уапсени или убиени 447 милитанти во Северен Кавказ


Руското министерство за внатрешни работи соопшти дека стотици милитанти биле затворени или убиени во Северен Кавказ во текот на оваа година. Според соопштението, 447 водачи и милитанти биле неутрализирани во 1345 успешни операциии, најчесто спроведени во муслиманските региони. Северен Кавказ е честа цел на насилство поврзано со исламистичките бунтовници кои имаат корени од двете постсоветски војни во Чеченија, како и организираниот криминал, политичките спорови и пресметка на клановите.

XS
SM
MD
LG