Достапни линкови

Пратениците со различни бројки за иселувањето


Дебата по Информацијата за иселувањето, особено на младите луѓе предложена од опозицијата продолжи денеска во Собранието.Различни бројки за иселени државјани изнесоа пратениците, но се согласија дека клучно е како да се задржат младите и да се вратат оние што заминале. Пратеничката од НСДП Соња Мираковска посочи на бројките на иселени лица од Македонија и на оние кои зеле бугарски пасоши и праша за колку ќе се зголеми тој број. Бројките кои ги презентира владејачкото мнозинство, според Мираковска не се точни.

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека трендот на иселување од Македонија се намалува. Според него од кога неговата партија е на власт бројките на годишно ниво изнесуваат во просек по околу 5.000 лица. Мираковска реплицирајќи рече дека околу 12.000 се иселуваат годишно и оти заминуваат најобразованите.

XS
SM
MD
LG