Достапни линкови

Буџетот на Јанева помина на собраниска комисија


Специјалната обвинителка Катица Јанева

Специјалната обвинителка Катица Јанева

Буџетот за Специјалното обвинителство помина на денешната седница на Собраниската комисија за финансирање и буџет. Со Предлог-одлуката, како што појасни вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, се реалоцираат средства од буџетот за Специјалното јавно обвинителство. Согласно финансискиот план, Специјалното обвинителство ќе добие околу милион евра кои се наменети за негово непречено работење и автономно функционирање. Ставрески изјави дека очекува одлуката на комисијата да биде потврдена од Собранието.

XS
SM
MD
LG