Достапни линкови

Србија, Австрија, Хрватска и Словенија ќе примат бегалци


Портпаролката на ЕК, Наташа Берто изјави денеска дека Србија, Австрија, Хрватска и Словенија се обврзале дека ќе примат 12.000 бегалци. Според неа, Србија ќе прифати 3.000, Австрија 4.000, а Хрватска и Словенија по 2.000 мигранти кои ќе бидат распоредени во прифатни центри. Таа нагласи и дека планот е до крајот на годината да бидат сместени 50.000 луѓе долж западнобалканската рута.

XS
SM
MD
LG