Достапни линкови

Заев не очекува одложување на изборите


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека неговата партија е посветена на целосно спроведување на Договорот од Пржино и Македонија да не ја изгуби препораката за полноправно членство во Европската унија. Пред денешната трибина на Скопскиот саем, Заев рече дека не постои друга алтернатива за Македонија освен влез во ЕУ.

Според него, пречка во преговорите е законот за Влада и надлежностите на министрите и замениците - министри што треба да дојдат на предлог на СДСМ. Тој не верува оти ќе има одложување на изборите бидејќи, како што наведе, искрено очекува да се спроведе во целост Договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG