Достапни линкови

Зборот како временска категорија


Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ).

Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ).

Дел од промената се случува на избори, но еден дел зависи и од нас самите. Какви луѓе сме, не може и не смее да зависи од политика, партија, власт, опозиција, пишува Виктор Петковски, Либерална унија на млади на Македонија (ЛУМ) во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Договорите се потпишаа, состаноците се одржаа, власта се демократизираше за 24 часа и помина низ сите форми на демократска комуникација со неистомислениците ( нормалните). Ветија дека ќе пробаат, дадоа збор дека ќе разговараат и го одржаа. Никој не спомна ништо за тоа дека договореното мора да се исполни. Тоа не се подразбира. Тука не.

Следуваат санкции за неодржаниот збор, со цел исполнување на претходно договореното. Дали сме изненадени што власта не го одржува зборот (лаже)? Не. Дали го очекувавме тоа? До некаде. Искра надеж даде силното посредство на меѓународната заедница, но не, стравот е преголем, а очигледно има и зошто.

Следуваат санкции за неодржаниот збор, со цел исполнување на претходно договореното. Дали сме изненадени што власта не го одржува зборот (лаже)? Не. Дали го очекувавме тоа? До некаде. Искра надеж даде силното посредство на меѓународната заедница, но не, стравот е преголем, а очигледно има и зошто. Се трошат и најкредибилните луѓе, ако воопшто и ги има, сите нека излажат по еднаш, да се потроши времето, за кое сум убеден дека ќе се уценат рекордна бројка на луѓе, како би се одржала оваа власт, нели со гласот на народот. Веќе не е ни тајна, тие(власта), ајде еве индиректно, веќе некое време во лице ни кажуваат, ќе победиме на избори, а ако сакате да знаете како, ќе ви кажеме и тоа. Прилично едноставно, ќе ве купиме, секои избори сте поевтини. Зошто? Затоа што сте сиромашни. А зошто сте сиромашни? Ќе ви кажеме и тоа. Затоа што Заев, Бранко, Европа, Америка, Кина, Марс. Само сега имаме мал проблем, малце не фатија во тесно со криминал, ама ако успееме да истуркаме до избори во добра постава, тогаш не се секирајте, пак ќе ве купиме. Со сите оние кои даваат храбри изјави од типот на: “ако ги преживеат бомбите, стварно заслужуваат да владеат”, сакам да ги спојам со предлогот на премиерот за 10 пратеници од дијаспората, само малку да го надградам. Премиере, ако победите на уште едни избори, може парламентот да го префрлите во странство, затоа што ќе ги добркате и тие малку луѓе што останаа.

Судови, обвинителства, специјални обвинители, нека ги бараат парите, нека докажуваат криминали... но белата чума е на вас, комплетно. Тоа што Скајп е најпопуларна апликација во Македонија е исто на вас.

Во комуникација со врсниците од регионот побарав мислење за тоа како тие гледаат на ситуацијата во Македонија, дали ПР-от на владата можеби се уште функционира некаде, затоа што тука се веќе одамна прочитани. За шаблонското функционирање на вакви типови на владеачки гарнитури разговарав со Антонио Ивичевич, студент по социологија и граѓански активист од Хрватска, па еве ја неговата имунитетна таблета за ПР: „Сличностите во таквиот тип на уредување на државата можеме да ги видиме во сите поранешни држави од Југославија, особено во Македонија, каде што воочуваме недемократски начела на владеење, принципи и вредности, длабока политичка и економска криза произведена со диктаторското владеење, мешањето на власта во судството и медиумите, селективно гонење на политичките противници, непочитување на основните човекови права, како и значително ниво на корупција. Но, како што вели старата народна, „власта ја бираме сами, што значи дека не сме несреќници, туку соучесници во неморалот и злосторството против себеси“. Време е за промена!“

Дел од промената се случува на избори, но еден дел зависи и од нас самите. Какви луѓе сме, не може и не смее да зависи од политика, партија, власт, опозиција. Тука не зборувам за луѓето кои се продаваат со години лево и десно. Тука зборувам за новата генерација, генерација која не смее да има цена!

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG