Достапни линкови

Расправа за буџетот на Специјалното обвинителство


Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска треба да расправаат за предлог буџетот за работа на Специјалното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Согласно Финансискиот план, средствата од околу милион евра се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Обвинителство. Според одлуката на Владата, парите треба да се обезбедат од буџетот на Македонија за годинава.

XS
SM
MD
LG