Достапни линкови

Над 20 мигранти се удавиле во Егејско море


Над 20 мигранти се удавиле кога нивните чамци се превртеле во источниот дел на Егејско море меѓу Турција и Грција, соопшти грчките власти. Кај островот Калимнос загинале 18 лица, додека во одвоен инцидент во близина на островот Родос се удавиле уште тројца мигранти. Грчката крајбрежна стража трага по исчезнатите, а бројот на луѓето кои биле во чамецот што се превртел не може да биде утврден. Во регионот дува силен ветер.

XS
SM
MD
LG