Достапни линкови

Путин се состана со Саркози


Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој вчера во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, го повика Западот да ја прекине изолацијата на Русија. Тој додаде дека Русија и Европа мора да соработуваат со цел да ги прекинат сегашните тензии, особено во Сирија. Според Саркози, кој се надева дека ќе победи на претседателските избори во Франција догодина „на светот му треба Русија“. Посетата на Саркози наиде на големи критики кај официјални претставници на Франција.

XS
SM
MD
LG