Достапни линкови

Виенски разговори за сирискиот конфликт


Во Виена се во тек разговори меѓу повеќемина шефови на дипломатии за запирање на сирискиот конфликт. Иран, главниот регионален поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад, за прв пат е на ваков вид средби од почетокот на војната во Сирија пред четири ипол години. На состаноците учествува и вториот поддржувач на сирискиот режим, Русија. Москва и Техеран инсистираат Асад да биде дел од секоја транзициска влада, додека Вашингтон и сојузниците бараат сирискиот претседател да се повлече. Во Виена вчера се водеа одвоени билатерални средби меѓу учесниците, пред за денеска закажаниот нивен заеднички состанок. Експертите не очекуваат поголем напредок од овие разговори со оглед на тоа што на нив не се поканети претставници на сириската опозиција.

XS
SM
MD
LG