Достапни линкови

Во Скопје конференција за спречување екстремизам


Во Скопје денеска ќе се одржи националната конференција поддржана од ОБСЕ, на тема „Превенција на насилен екстремизам и радикализација што води кон тероризам“. Целта на конференцијата е да се зајакне капацитетот на полициските службеници во борбата против екстремизмот и да се подигне нивната свест за користа од примената на техники на полициското работење во соработка со заедницата, како начин за надминување на предизвиците на насилниот екстремизам. По тој повод, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен и министерот за внатрешни работи Митко Чавков, ќе им се обратат на присутните.

XS
SM
MD
LG