Достапни линкови

Собраниска расправа за иселувањето од Македонија


Собранието на Македонија денеска, како што е најавено, треба да ја продолжи расправата по Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите, што ја поднесоа опозициските пратеници. Информацијата е последна точка од дневниот ред на 67 седница. Во Информацијата се наведува дека вкупно 447 илјади македонски граѓани се иселиле од државата од кои преку 230 илјади во ЕУ и САД што е над 10 отсто од населението, а Светска банка ја рангира Македонија на 23 место од вкупно 25 земји со најмногу мигранти. Изнесувајќи и други податоци, како и за тоа дека повеќе од 200 илјади имаат бугарски пасош, опозицијата оцени дека Македонија полека станува држава на стари лица и пензионери, а иселувањето, особено на младите и на стручните кадри е масовно. ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли ваквите тврдења со став дека миграцијата е глобален проблем, тренд секаде во Европа и Македонија не е исклучок, но, последниве години, напуштањето на државата се намалува пред се поради отворените 144.000 нови работни места. Според ВМРО ДПМНЕ, причина за иселувањето од земјава не е финансиската состојба како што обвинува опозицијата, туку криминалната приватизација од времето на СДСМ. Бројката, пак, на иселени 447 илјади лица прикажана во Информацијата, се однесува на периодот од 1960 до 2010 година.

XS
SM
MD
LG