Достапни линкови

Времето денеска: сончево со умерена облачност


Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба утринска магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

XS
SM
MD
LG