Достапни линкови

Србија ќе добие неповратна парична помош за мигрантите


Србија од Банката за развој на Советот на Европа ќе добие 2,3 милиони евра наменети за задоволување на најитните потреби на мигрантите во прифатните центри. Договорот за неповратна помош на Србија треба да биде потпишан утре. Средствата ќе бидат исплатени во рамки на програма наречена „Систем за постојана испорака на помош за мигрантската популација во Србија“. Од почетокот на годинава во Србија влегле над 316.000 имигранти.

XS
SM
MD
LG