Достапни линкови

logo-print

Груевски го брани Тодоров за умирањата во болниците


Опозицијата побара одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров за хаосот во здравствениот систем и неколкуте смртни случаи во болниците во изминатите денови. Премиерот Никола Груевски рече дека хаосот во здравството го направил токму СДСМ.

Нефункционирањето на здравствениот систем во Македонија предизвикува трагични последици врз граѓаните со загубени човечки животи, а за тоа нема ниту одговори, ниту одговорност, рече пратеничката Рената Треневска Дескоска од опозициската СДСМ, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потсетувајќи на неколкуте смртни случаи коишто изминативе денови се случија во неколку болници низ земјава.

Запрепастувачката рамнодушност и игнорантски однос на господинот Никола Тодоров за последните трагични случување низ болниците во Македонија, покажува дека нема чувство на одговорност. Да имаше, Тодоров одамна ќе заминеше од челната позиција.

Таа истакна дека здравствениот систем во земјава се води несоодветно и нестручно, без доволно лекарски кадар. Таа, обраќајќи се до премиерот Никола Груевски, рече дека му дава шанса да го реши нефункционалниот здравствен систем во Македонија, доколку потпише барање до Собранието за разрешување на министерот за здравство Никола Тодоров.

„Запрепастувачката рамнодушност и игнорантски однос на господинот Никола Тодоров за последните трагични случување низ болниците во Македонија, покажува дека нема чувство на одговорност. Да имаше, Тодоров одамна ќе заминеше од челната позиција. Всушност, да имаше, немаше ни да се нафати да раководи со ресор во кој е апсолутен лаик. Неговиот допир со здравството кое го раководи, пред да стане министер во овој ресор, е само како пациент“, рече Тренеска Дескоска.

Нејзините прашање до премиерот Груевски беа дали со тоа што досега Тодоров не поднел оставка или со тоа што Груевски не поднел предлог за негово разрешување до Собранието, покажува дека Тодоров е само извршител на неговите политики кои создаваат хаос во здравството. Треневска Дескоска го праша премиерот и уште колку човечки животи треба да згаснат, за Македонија да добие компетентен министер за здравство.

Премиерот Никола Груевски одговори дека не ги разбира нападите врз министерот за здравство Никола Тодоров и порача дека кога СДСМ била на власт направила хаос во здравството и воопшто не инвестирала во секторот. Според него, дали министерот има лична вина по низата несреќни случаи во болниците ќе одлучеле институциите.

„Секое барање треба да има одредени нешта коишто ќе го поткрепат со аргументи, а не само да се впери прстот во некој дека е виновен, без да се најде аргумент за негова лична одговорност. Да се потсетиме најпрвин што остави СДСМ во 2006-та во здравството, кога го наследивме тој ресор од оваа политичка партија, остави еден хаос, остави една ситуација во којашто немаше никакво инвестирање во здравството. Денеска имаме буџет кој е речиси 11 пати поголем од буџетот што беше во тоа време. Тоа покажува колку во тоа време партијата којашто ја застапува пратеничката сакала да го подобри здравството“, рече Груевски.

Прашањата на пратениците од пратеничкиот состав на владејачката ВМРО-ДПМНЕ до премиерот и министрите главно беа насочени кон странските и домашните инвестиции и извештајот на Дуинг бизнис, додека опозициската пратеничка група во врска со пронаоѓањето на пиштолот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков на белградскиот аеродром.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG