Достапни линкови

Вучиќ до Путин-За важните прашања одлучува Србија


Српскиот премиер Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот премиер Александар Вучиќ со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот премиер Александар Вучиќ по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва уште еднаш повтори дека земјата нема да воведува санкции врз Русија. Но, според него, за важните прашања за земјата, како референдум, избори и евроинтеграции, не одлучува Москва, ниту кој било друг центар на политичка или финансиска моќ, туку Србија.

Вучиќ се заблагодари и на поддршката на Русија за Србија во рамки на ОН и други меѓународни организации и изрази надеж за забрзан развој на билатералните односи меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG