Достапни линкови

Пратенички прашања за пиштолот и пасошот на Мијалков


Сашо Мијалков

Сашо Мијалков

Премиерот Никола Груевски денеска за време на пратеничките прашања во Парламентот во врска со пронаоѓањето на пиштолот на поранешниот шеф на тајната полиција на белградскиот аеродром изјави дека Сашо Мијалков јавно кажал оти имал пиштол, кој го заборавил во неговата ташна. На прашањето на пратеникот на СДСМ Горан Сугаревски, Груевски порача и дека институциите треба да го проверат случајот и се ќе тече согласно законот. Според него, Мијалков ниту бил, ниту ќе биде привилигиран за грешката која ја направил, која, како што наведе Груевски, изјавил веќе дека е грешка од небрежност.

Сугаревски на тоа одговори дека судот треба да докаже дали е од небрежност и додаде дека прашањето му било дали се контролира на македонската граница што Мијалков носи. Според Сугаревски, се видело како институциите постапиле кога го пуштиле со пиштол да помине на аеродромот во Скопје. Тоа, како што нагласи Сугаревски, е слика како функционираат законите во Македонија и очигледно Мијалков, според него е над законот.

За прашањето на Сугаревски дали Мијалков поседува дипломатски пасош, Груевски одговори дека веќе е познато оти тој го одбил пасошот, без да објасни врз кои критериуми е издаден.

XS
SM
MD
LG