Достапни линкови

Груевски го брани Тодоров


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска за време на пратеничките прашања во Парламентот изјави дека не ги разбира нападите врз министерот за здравство Никола Тодоров. По прашањето на пратеничката Рената Дескоска за интерпелацијата на Тодоров, тој побара опозицијата со аргументи да го објасни барањето за оставка.

Тој порача и дека СДСМ кога била на власт направила хаос во здравството и воопшто не инвестирала во секторот. Според него, дали министерот има лична вина по низата несреќни случаи во болниците ќе одлучат институциите. Тодоров, како што наведе Груевски е тој што гардел и создавал во здравството.

XS
SM
MD
LG