Достапни линкови

Кина ја менува политиката на едно дете


Кинеската владејачка Комунистичка партија соопшти дека ја менува својата политика за планирање на семјеството. Според партијата сега наместо едно, на паровите ќе им биде дозволено да имаат по две деца. Политиката на едно дете во Кина беше иницирана во 1978 година со цел да се спречи зголемувањето на популацијата. Со 1,37 милијарди жители Кина е најнаселената земја во светот.

XS
SM
MD
LG