Достапни линкови

Германија го започна враќањето азиланти


Германија го започна враќањето азиланти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Германија го започна враќањето азиланти

Германија го заостри нејзиниот одговор на забрзаниот влез на мигранти и почна да ги враќа назад на Балканот и во Авганистан сите оние на кои им е одбиено барањето за азил. До ова дојде откако најновите анкети покажаа дека поддршката на конзервативната влада на Ангела Меркел е на најниско ниво во изминативе три години.

Во првиот бран на вратени беа осумдесеттина одбиени баратели на азил од Косово кои од аеродромот во Минхен одлетале за Приштина.

Со тоа започна спроведувањето на построгите правила иако првобитно беше предвидено тие да стапат во сила на први ноември.

Станува збор за забрзување на процедурите за добивање азил, но и за екстрадиција на мигрантите од југоисточна Европа со цел фокусот да биде ставен врз бегалците од со војна зафатените земји како Сирија, Ирак и Авганистан.

Депортираните ќе бидат придружувани од претставници на Фронтекс од Германија, Финска, Шведска и Унгарија. Од сега, како што е наведено, депортациите веќе нема да бидат најавувани.

Станува збор за забрзување на процедурите за добивање азил, но и за екстрадиција на мигрантите од југоисточна Европа со цел фокусот да биде ставен врз бегалците од со војна зафатените земји како Сирија, Ирак и Авганистан.

Стотици илјади мигранти годинава влегоа во Европа, главно од Сирија, Ирак и Авганистан, но исто така и од Балканот.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер најави дека е планирано враќање на десетици илјади граѓани од Западен Балкан.

Од почетокот на годинава 11 илјади лица се протерани од Германија, а 27 илјади доброволно ја напуштиле земјата.

„Очекувам во следните недели бројот на случаи на репатрирање, доброволно враќање и протерување значително да се зголеми“, рече Де Мезиер.

Тој додаде дека е неприфатливо и тоа што нагло порасна бројот на мигранти кои доаѓаат од Авганистан и оти за тоа веќе се разговарало со властите во Кабул.

Мезиер прецизира дека Германија и другите западни земји потрошиле милиони долари да помогнат во развојот на Авганистан со цел жителите да останат во таа земја.

„Луѓето од Авганистан не ќе може да очекуваат останување во Германија“, рече тој.

Најавено е и дека миграциските служби ќе ја забрзаат работата за разгледување на молбите за азил.

Германското министерство за внатрешни работи најави и продолжување на контролата на границите до 13 ноември со можност оваа мерка да биде продолжена за уште три месеци.

Контролите беа воведни на 13 септември, со што всушност дефакто беше суспендирано германското членство во Шенген зоната на слободни граници.

Контролите се концентрирани на границата со Австрија, од каде што мигрантите доаѓаат преку балканската рута.

Министерот де Мезиер остро ја критикуваше Австрија дека преку ноќ ги транспортира мигрантите на германската граница.

Од своја страна Виена веќе најави дека ќе подигне ограда на јужната граница со Словенија.

Во Германија расте и противењето на приемот на мигранти што почна да се одразува и врз рејтингот на владата на канцеларот Ангела Меркел. Тој е на најниско ниво во изминативе три години.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG