Достапни линкови

САД: Европа да ги прошири операциите во Сирија


Џон Ален

Џон Ален

Специјалниот пратеник на американскиот претседател во коалицијата против терористичката организација Исламска држава Џон Ален изјави дека европските лидери би требало да разгледаат проширување на операциите во Сирија во борбата против екстремистите. Генерал Ален изјави дека неодамна Вашингтон ги повика своите европски сојузници да и се придружат на американската војска во базата во Инџирлик во Турција од каде што се изведуваат воздушни напади во Сирија. Според него, постои можност европските партнери да спроведуваат специјални операции, но не наведе детали.

XS
SM
MD
LG