Достапни линкови

НАТО расправа за повеќе војници на границата со Русија


Весникот „Вол стрит џурнал“ пишува дека членките на НАТО разгледувале можно зголемување на бројот на војниците стационирани на границата со Русија. Станува збор за два плана. Според едниот, НАТО ќе разместел баталјони во Полска и во трите балтички држави, а според вториот, Алијансата ќе имала само еден баталјон по должината на границата. До ова доаѓа откако по руската анексија на Крим лани, повеќе источноевропски членки на НАТО почнаа да бараат поголемо воено присуство на Алијансата на нивните територии. За овие планови ќе се разговарало на состанокот на НАТО на 4 ноември во Букурешт.

XS
SM
MD
LG