Достапни линкови

Кери: Виенските разговори најдобра надеж за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека мултилатералните разговори за Сирија нема да резултираат со брзо политичко решение, но претставуваат најдобра можна шанса за тоа. Кери треба да се сретне со неговите колеги од неколку други земји денеска и утре во Виена во обид да се изнајде консензус за политички излез од ќорсокакот во Сирија. На овие разговори за прв пат ќе учествува и Иран, еден од најголемите сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад. Иран и Русија сметаат дека Асад треба да биде дел од транзициската влада, додека Вашингтон и сојузниците се против тоа.

XS
SM
MD
LG