Достапни линкови

Германија враќа десетици илјади лица од Западен Балкан


Германија планира да врати десетици илјади граѓани од Западен Балкан, бидејќи на крајот од минатата недела стапи во сила новиот закон за олеснето репатрирање, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер. „Во следните недели бројот на случаи на репатрирање, доброволно враќање и протерување значително ќе се зголеми, рече Де Мезиер. Освен тоа миграциските служби ќе ја забрзаат работата за разгледување на молбите за азил. Министерот нагласи дека десетици илјади кандидати за азил од земјите од Западен Балкан, чии молби биле одбиени, ќе треба да ја напуштат Германија. Од почетокот на годината 11.000 лица се протерани од Германија, а 27.000 доброволно ја напуштиле земјата.

XS
SM
MD
LG