Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно, само во западните делови значително облачно и со услови понекаде да се појави слаб краткотраен дожд. По одделни котлини, особено на југоисток ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од нула до 10, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со услови за магла, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура до три степени, а дневната ќе достигне до 16 степени.

XS
SM
MD
LG