Достапни линкови

Германија ќе ги враќа лажните азиланти од Западен Балкан


Камп за азиланти во Берлин

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави денеска дека десетици илјади кандидати за азил од земјите од Западен Балкан, чии молби биле одбиени, ќе треба да ја напуштат земјата. Тој посочи дека во следните недели бројот на случаи на репатрирани, доброволно враќање и протерување значително ќе се зголеми.

Според него, миграциските служби ќе ја забрзаат и работата за разгледување на молбите за азил. Од почетокот на годината 11.000 лица се протерани од Германија, а 27.000 доброволно ја напуштиле земјата.

XS
SM
MD
LG