Достапни линкови

САД не се против учеството на Иран на самитот за Сирија


Белата куќа соопшти дека престојните мировни разговори за Сирија ќе бидат значајни само ако сите засегнати страни бидат вклучени во нив. Портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц изјави дека учеството на Иран нема да ги засени напорите за изнаоѓање решение за кризата во Сирија. Според него, САД се подготвени на тоа прашање да работат со било која нација, вклучително и Русија и Иран. Самитот ќе започе утре во Виена, а иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф потврди дека ќе присуствува.

XS
SM
MD
LG