Достапни линкови

logo-print

Груевски го поздравува ангажманот на амбасадорите


Наш интерес и интерес на државата е да се спроведе договорот од Пржино и ние сме посветени тоа да се случи што е можно побрзо, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Сакам да потврдам дека работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот, рече Груевски.

Во врска со вчерашната заедничка изјава на амбасадорите на САД, ЕУ, Германија, Франција и Италија, во која тие го повикуваат него и ВМРО -ДПМНЕ да ги спроведат неопходните реформи во врска со Договорот од Пржино, Груевски истакна дека го поздравува нивниот ангажман, за како што рече, помагање и олеснување на преговорите.
Премиерот укажа и дека неговиот коментар на Твитер за тоа дека народот ќе одлучи на избори не е ништо друго, туку потврда на тоа што е реалност кога доаѓаат изборите.
- На изборите одлучуваат граѓаните, рече Груевски дополнувајќи дека неговиот коментар воопшто не бил во спротивност со напорите што ги прават претставниците на меѓународната заедница да и помогнат на Македонија за побрзо да се надмине сегашната ситуација во преговорите.

Груевски ги негира и информациите за наводно организирање јавни собири од страна на ВМРО-ДПМНЕ и некакви крвави сценарија.

XS
SM
MD
LG