Достапни линкови

Уапсена студенка во Русија за поврзаност со ИД


Една студентка е уапсена во Москва под сомнение дека се обидувала да регрутира луѓе за милитантната група Исламска држава. 19 годишната Вавара Караулова беше притворена во Турција во јуни додека се обидувала да влезе во Сирија. Тринаесет Руси и четворица Азербејџанци беа приворени заедно со Караулова.

Откако се вратила во Русија на 12 јуни властите донеле одлука да не ја гонат кривично. Нејзиниот татко на новинарите им рече дека неговата ќерка решила да и се придружи на Исламската држава откако се заљубила во еден маж на интернет, кој се верува дека припаѓал на групата.

XS
SM
MD
LG