Достапни линкови

logo-print

Аневски-Нема новости за Специјалното обвинителство


Петар Аневски, Претседател на Советот на јавни обвинители.

Петар Аневски, Претседател на Советот на јавни обвинители.

Претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски изјави денеска дека нема да заседаваат за комплетирањето на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, бидејќи нема ништо ново. Според него, избрани се седум јавни обвинители и заедно со Јанева е доволно за тимот да почне со работа.

Тој нагласи и дека второто обраќање на Јанева било повторно со истите имиња и нема никакви нови околности. Аневски рече и дека непотребно се крева тензијата и смета оти Специјалното јавно обвинителство треба да почне да работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители.

XS
SM
MD
LG