Достапни линкови

Австрија и Словенија ќе поставуваат ограда на границата


Австриските власти соопштија дека ќе започнат со изградба на ограда на границата со цел да го контролираат приловот на мигранти во земјата од соседна Словенија. Министерот за внатрешни работи Јоана Микл Леитнер изјави пред Парламентот дека изградбата ќе започне за десет дена.

Словенечките власти истовремено соопштија дека се подготвуваат за изградба на ограда на границата. Премиерот Миро Черар на средбата на Советот за безбедност изјави дека доколку е потребно тие се подготвени веднаш да ја постават оградата.

XS
SM
MD
LG