Достапни линкови

Талибанците освоиле авганистански реон на таџикистанската граница


Талибанците ја преземале контролата врз реон во северниот дел на Авганистан по интензивните борби со безбедносните сили. Локалните власти соопштија дека милитантите го освоиле реонот Даркад, кој се наоѓа на границата со Таџикистан. Талибанците соопштија дека двајца нивни припадници загинале. Според авганистанските власти, талибанците ги здружиле силите со Исламското движење на Узбекистан и други организации со цел да се пробијат до Централна Азија.

XS
SM
MD
LG