Достапни линкови

Иран ќе биде поканет на разговорите за Сирија


портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби

портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби

Соединетите држави соопштија дека очекуваат Иран за прв пат да биде поканет на мултилатералните разговори за сирискиот конфликт. „На Иран е да реши дали ќе ја прифати поканата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, додавајќи дека за Соединетите држави било важно на разговорите да учествуваат сите клучни партнери. Пратеници од Соединетите држави, Русија, како и од арапските и европските земји ќе учествуваат на разговорите закажани за 29 овој месец во Виена. Сириската опозиција поддржана од Западот и арапските земји од Персискиот залив се против иранската улога во сирискиот конфликт. Техеран и Москва се главни поддржувачи на сирискиот претседател Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG