Достапни линкови

„Дуинг бизнис“: Македонија највисоко рангирана економија во регионот


Македонија е највисоко рангирана економија од регионот, а 12-та од 189 економии во светот, покажува најновиот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка. Во извештајот се наведува дека Македонија се истакнува во неколку области на олеснување во работењето. Глобално земјата е втора најдобро рангирана во областа за започнување бизнис како резултат на поедноставувањето на процедурите преку воспоставување задолжителна онлајн регистрација. Во извештајот се наведува дека над 90 проценти од економиите во регионот на Европа и Централна Азија имплементирале реформи за подобрување на нивната бизнис клима во текот на изминатата година.

XS
SM
MD
LG